Социјалдемократите од денеска ќе работат од дома. Нема да одат во седиштето на Бихаќка. Ова деенска го соопшти нивнито генерален секретар, чие име не го наведуваме за да види е кој знае како дотичниот се вика. Истиот тој од испоставата на Венко (читај Зоран), многу промуќурно соопшти: „Средба со криминалци нема да има. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна“ , порача денеска генералниот секретар од Бихаќка. Нејсе што е поздрав што СДС конечно ја пронашле „вистинската страмна“, но велат дека ген-секот бил скоро сам во партијата, затоа што самите ветиле дека нема да имаат средби со криминалци. Тоа, во превод, значи дека голем дел од врхушката на партијата, ќе работи од дома. Ќе останат два-тројца, што не било голема штета затоа што и онака веќе биле десетина на број... Со сета презумпција на невиност (наивност), но ако се сетите на аферите на Филипче (вакцина бомбона бизнис во короната, Модуларната болница, јагленот на Вице, џипот од 130.000 евра, „непостоечката“ викендица на Нерези, златната виза за Дубаи и станот кој го обелодени Аврамски), на осудениот Сокол за криминал во КП Шутка кој е член на ИО на СДС исто како шмркачот на кокаин Јон кој самиот си го призна истото кривично дело, пратеникот Таче вмешан во Лотарија со Груби и народниот избраник Оливер со аферата за центарот за регистрација во Сарај, како и другите кривични пријави кои следуваат по смената на јавниот обвинител, а кои сега се чуваат во фиока, во партијата без досие ќе остане само портирот (можеби и не) и оние децата од АКТ, земени само затоа што се премлади за да имаат кривични дела. За да им го обелат образот и да ја дигнат статистиката за некриминалци во СДС. И така, од утре СДС ќе работи и функционира ОН-ЛАЈН, затоа што самите кажаа - НЕМА СРЕДБИ СО КРИМИНАЛЦИ.