Издадени се 304 одобренија за градење во ноември лани, што е за 16,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.400.888.000 денари, што е за 27,1 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во Скопскиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење - 110 по што следуваат Полошкиот - 55, Вардарскиот - 36, Југозападниот - 29... Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 208 (68,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба. Предвидена е изградба на 761 стан, од кои 427 во Скопскиот Регион, 113 во Источниот, 82 во Југозападниот, 79 во Пелагонискиот, 38 во Полошкиот, 15 во Вардарскиот, 4 во Југоисточниот и 3 во Североисточниот Регион. За нискоградба се изадени 34 одбренија, а за објекти за реконструкција 62. За 162 објекта (53,3 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 142 (46,7 проценти) објекта деловни субјекти. - Во извештајниот период е предвидена изградба на 761 стан, со вкупна корисна површина од 67.767 квадратни метри - наведува Државниот завод за статистика.