2026 година започна со значајна промена во пристапот кон исхраната во САД. Новите препораки за исхрана објавени од U.S. Department of Health and Human Services, веќе се оценуваат како најголем пресврт во нутритивната политика на САД во последните неколку децении. Сепак, тие не претставуваат нова диета ниту краткорочен тренд, туку промена на пристапот, од фокус на броење калории кон подлабоко разбирање на квалитетот на храната и нејзиното долгорочно влијание врз здравјето.