Макрон предупреди: Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците Филип Здравески 14.01.2026 / 16:20 Свет Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денешната седница на кабинетот, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата, Мод Брежон. „Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој. Претходно во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои силна врска меѓу ЕУ и Гренланд и дека народот на Гренланд може да смета на поддршката на ЕУ. Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд ќе се сретнат подоцна денес во Белата куќа со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, по неколкунеделните закани од претседателот Доналд Трамп против Гренланд, автономна територија во рамките на Данска. Емануел Макрон Гренланд Доналд Трамп НАТО Автор/Извор Макфакс Прикажи во метро Off