Романтични улички каде што се сретнуваат историјата и уметноста, море од шарени покриви кои како да го допираат небото, лавиринт од куќички во сите можни пастелни и живописни бои – сето тоа го има Селото на културата Гамчеон во Пусан, Јужна Кореја. Поради прекрасниот пејзаж кој го опкружува, оваа живописна населба добила прекари „Мачу Пикчу на Кореја“ и „корејски Санторини“, а откако закрепнала од бурното и болно минато, стана ултимативна туристичка атракција и гордост на вториот најголем град на Јужна Кореја, во кој денес живеат околу 3,5 милиони жители.