Ахмети прифаќа укинување Техничка Влада, по консултации со Меѓународна, согласен и за една изборна единица

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со праг од пет проценти и со отворени листи. Во врска со идејата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката влада, тој потенцира дека треба да се консултираат со ЕУ и САД. Во однос на прашањето за техничката влада, ние сме на ставот дека треба да се консултираме дополнително со меѓународната заедница, меѓународниот фактор и партнери кои се коавтори на текстот за Пржинска влада – ЕУ и САД, рече Ахмети. Во врска со измените во Изборниот законик, Ахмети потенцира дека тие ги презентирале своите предлози. -Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5 проценти и со отворени листи. Сега ова прашање останува за понатамошни дискусии, рече лидерот на ДУИ. Околу прашањето за обезбедување двојно мнозинство за избор на Народен правобранител, Ахмети кажа дека побарал дополнителни консултации. -Не се направени потребните консултации, туку дејствијата биле преземени произволно, а консензуалната демократија има свои правила. Она што останува е координаторите на пратеничките групи да бараат решенија и дополнителни консултации за тоа како може да се реши ова прашање, нагласи Ахмети. За законите за „Сејф сити“ за кои потребно е Бадентерово мнозинство и се блокирани од страна на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ, Ахмети нагласи дека координаторите на пратеничките групи останува да се сретнат и да изнајдат решение. Во однос на остатокот од прашањата за кои тој планирал да ги покрене денеска, било одлучено Ахмети дополнително да се сретне со Мицкоски.