Апасиев по лидерската: Изборен законик, Омбудсман, апанажи, патни трошоци, Кочани, Пржинска влада, минимална плата Филип Здравески 14.01.2026 / 17:02 Македонија Пратеникот и лидер на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, по денешната лидерска средба изјави дека се говорело за политички и економски теми. Remote video URL Како што напомена Апасиев, на лидерската средба се говорело за: Изборниот законик за којшто начелно било договорено напролет, до јуни месец, да се донесе нов Изборен законик; Левица како прашање ја отворила и помошта за семејствата на жртвите во трагедијата во Кочани, но по ова не се наишло на слух; За укинување на Пржинската влада, веднаш или за понаредните парламентарни избори; За Омбудсман, Левица како соломонско решение и за прв пат во историјата на независна Македонија предложила припадник на ромската заедница да биде избран за Омбудсман, сметајќи дека се најдискриминирана заедница; Левица како економска тема ја наметнала минималната плата, односно нејзино зголемување согласно барањата на работниците и синдикатите; За апанажи и патни трошоци на функционерите не се ниашло на разбирање и нивното укинување останува неприфатливо за власта. Димитар Апасиев Левица Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро Off