Мане со еврогол ги исфрли Салах и Египет, Сенегал е финалист на АФКОН афкон 2025 мароко Филип Здравески 14.01.2026 / 20:23 Фудбал Репрезентација на Сенегал е првиот финалист на Африканскиот куп на нации откако го победи Египет со 1:0 во првиот од двете полуфинални дербија. Многумина го гледаа овој дуел низ призмата на судирот меѓу Садио Мане и Мохамед Салах, двајца лидери на големата ера на Ливерпул што го одбележа периодот зад нас. Не е тајна дека Мане и Салах отсекогаш биле големи ривали, иако соиграчи кои го „влечеа“ Ливерпул, а денес Сенегалците имаа многу повеќе причини за славење. Иако немаше многу возбуда и тимовите играа со многу претпазливост, Сенегал беше неспоредливо подобар, поконкретен и поофанзивен и на крајот заслужено славеше. Во првото полувреме само Сенегал играше фудбал, додека Египет се бранеше. Во првиот дел од мечот Сенегалците имаа два обида од далечина, а од Египет не видовме ништо. На полувреме се замина без голови. Продолжението донеси уште потешка игра и борба, и беше јасно дека момент на инспирација ќе го одлучи победникот на ова полуфинале. Правдата беше задоволена во 78. минута кога Сенегал, кој беше единствен што се обидуваше денес, постигна гол по одличен шут на Мане. FT: Senegal 1-0 Egypt Sadio mane is still that baller man. Congratulations Senegal pic.twitter.com/BGibIIutjd — CFC_Ranny (@Still_Tender) January 14, 2026 Фудбалерот на Ал-Наср ја прими топката од далечина, а потоа со одличен удар од прва ја испрати во мрежата на египетскиот голман. Дури тогаш Египет реши малку да се придвижи напред, бидејќи немаше што повеќе да изгуби, но немаше време и енергија да се врати во натпреварот. Мечот заврши со сооднос 12:2 во шутеви, а Омар Мармуш го испрати првиот и единствен удар на Египет кон голот во 94. минута. Тоа доволно кажува кој беше подобар денес. Сенегал се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации што се игра во Мароко, а нивниот противник ќе биде еден од пресметката на Мароко и Нигерија. Натпреварот е закажан за 21:00 часот со пренос на Arena Premium 4. Африкански куп на нации Садио Мане Сенегал Египет фудбал Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On