Без струја делови од Бутел, Чаир и Карпош

Без електрична енергија денеска од 09.00 до 12.00 часот, ќе бидат дел од корисниците од ул. 1550 место викано Гериз во индустриска зона Визбегово, Општина Бутел, а од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Стојна Стевкова, како и дел од корисниците од ул. 393 во населба Чаир, информира РЦУК - Скопје. Струја од 09.00 до 15.30 часот, ќе немаат и дел од корисниците од ул. Блаже Биринчето во Општина Карпош.