Реал Мадрид се посрамоти, испадна од Копа дел Реј од второлигашот Албасете

Реал Мадрид се посрамоти, испадна од Копа дел Реј од второлигашот Албасете Филип Здравески 15.01.2026 / 09:03 Фудбал Фудбалерите на Реал Мадрид продолжија со катастрофалните резултати, што кулминираше синоќа кога беа елиминирани во осминафиналето на Копа дел Реј не од било кој, туку од второлигашот Албасете. Албасете се смета за еден од најслабите тимови во шпанската Сегунда, но сепак успеаја да го нокаутираат најтрофејниот клуб во светот во луда игра на домашен терен, со што ја продлабочија кризата на Реал Мадрид на која ѝ нема крај. Што се однесува до натпреварот, домашните поведоа во 42. минута кога Хави Виљар постигна гол, а во третата минута од судиското продолжение Франко Мастантуоно израмни на 1:1, со што го постави резултатот на првото полувреме. Хефте Бетанкор му донесе ново водство на Албасете во 82. минута, а во првата минута од судиското надополнување Гонсало Гарсиа израмни за Реал. Во тој момент се чинеше дека „Кралевите“ избегнаа срам и се спасија од бездната, и дека по којзнае кој пат во завршницата ќе победат и ќе се пласираат понатаму. Сепак, Хефте Бетанкор се промовираше во апсолутен херој на Албасете со својот втор гол. Постигна прекрасен гол во 4. минута од надополнувањето за извонреден успех на тимот од втората лига против потресениот Реал Мадрид. Remote video URL Значи, може да се каже дека новиот привремен тренер Алваро Арбелоа не успеа да го среди тимот од Мадрид откако ја презеде жешката клупа од Шаби Алонсо. Реал Мадрид го загуби Суперкупот и Купот, сериозно заостанува зад Барселона во Ла Лига и не се истакнува ниту во Лигата на шампионите. Сезоната се заканува да биде катастрофална за „Кралевите“. Реал Мадрид Копа дел Реј Албасете Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On