Хајрулахи: Не може вечито да постои една Пржинска влада, општеството е созреано, веќе нема потреба од неа

Позитивно тоа што лека полека се трга тој багаж од минатото, за да се изгради едно цврсто општество во кое што преовладува довербата, вели поранешниот виш јавен обвинител Мустафа Харјулахи во „За или против“  со Љупчо Цветановаки на Алфа телевизија. Тој даде свое видување за состојбата во македонското јавно обвинителство, но и за „пржинската Валада“. -По однос на тоа, дали е време да се укине Техничката Влада односно тој преоден период популарно наречен Пржинска влада, редно време е ние да созрееме како општество, редно време е ние да ги гледаме работите објективно како што се и еднаш за секогаш да се ргади доверба меѓу чинителите на општественото живеење. Не може вечито да постои една Пржинска влада која што знаеме од кои причини беше формирана и создадена. Верувам дека од моментот на создавањето на истата до денеска се поминати многу години и верувам дека нашето општество е веќе созреано и дека нема потреба од таква Пржинска влада и дека треба довербата да биде обострана и од опозицијата и од власта и да се отпочнат сериозни реформи во ова општество со тоа што ќе имаме доверба еден кон друг. Така што јас сметам дека е позитивно тоа што лека полека се трга тој багаж од минатото, за да се изгради едно цврсто општество во кое што преовладува довербата, изјави Хајрулахи во својство на адвокат и како човек дозволувајќи си да ја искоментира моменталната политичка состојба. По суспензијата од работните обврски како виш јавен обвинител Мустафа Хајрулахи си даде оставка и самостојно се откажа од плата од околу 180.000 денари, поведен од фактот и тежината на моралната одговорност дека троши граѓански пари, а поради суспензијата не ги извршува задачите за кои е платен. -Следниот републички јавен обвинител било кој и да е треба сериозно да се позанимава работењето на Љупчо Коцевски, со неговото криминално работење. Да се бара одговорност од него, за неговото работење и да се бара одговорност од неговата ќерка, бидејќи тој во неколку наврати има изнесено доверливи информации од неговиот кабинет преку неговата ќерка, потенцира Хајрулахи нагласувајќи дека има цврсти докази за истото. Во продолжение проследете го целото интервју на поранешениот виш јавен обвинител Мустафа Хајрула кој наведува и рецепт како повторно да се крене на нозе институцијата која има минимална доверба од 1% кај граѓаните. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=0qnb5lyGY1A[/embed]