Состојки (за 6 лица) : 6 мали шолји (кафени) ориз 12 школки 2 лигњи 12 ракчиња 200 грама грашок 4 зрели домати 1 главица кромид 2 чешниња лук 2 лажици вегета 4 нишки шафран Маслиново масло Сол по вкус Магдонос (свеж) Подготовка: Школките отворете ги на пареа и зачувајте го делот со месото, како и водата во која се готвеле. Во посебен сад загрејте маслиново масло и пропржете ситно сечкан кромид и лук. Кога ќе добијат златна боја, додадете излупени и ситно сечкани домати, сечкан магдонос и ракчињата. Гответе околу 5 минути. Исчистените лигњи исечете ги на тркалца и кратко пропржете ги на маслиново масло. Тргнете ги настрана, а маслото зачувајте го. Сварете го грашокот во малку посолена вода и зачувајте ја водата од варењето. Во плитка и широка тава (паелја тава), ставете го маслото во кое се пржеле лигњите (по потреба додадете уште малку масло). Додадете го оризот и кратко пропржете го. Потоа додадете грашок, зачинал, шафран, сосот со ракчиња и течност. Количината на течност треба да биде 2,5 пати поголема од количината на оризот (околу 15 кафени шолји). Користете комбинација од: вода од грашокот и вода од школките. Сè внимателно промешајте, посолете по потреба, а одозгора наредете ги школките, лигњите и ракчињата. Гответе 10 минути на тивок оган, потоа префрлете ја тавата во загреана рерна и печете уште 10 минути. Кога ќе биде готова, покријте ја и оставете да одмори 20 минути за да ја впие преостанатата течност. Сервирајте со кришки лимон.