СДС суши-лаже: САД ја сопреа обработката на ИМИГРАНТСКИ ВИЗИ, не на деловни и туристички визи

Нова дезинформација од кујната на Бихаќка. Во медиумите лиферуваа соопштение во кое се вели дека САД го сопреле издавањето на визи за македонските граѓани, информација која е далеку од точна. Да, САД за Македонија и 75 други земји го сопре издавањето на ИМИГРАНТСКИ ВИЗИ, за луѓе кои бараат постојан престој таму. Тоа важи и за Црна Гора, Босна, Албанија и Косово. Чинот е поведен од фактот што се наоѓаме на врвот од 75 земји во светот чии граѓани најногу користат државни пари на САД по доаѓањето во земјата. Суспензијата, која ќе се применува од 21 јануари, нема да се однесува на оние што бараат привремени туристички или деловни визи, кои се огромно мнозинство. Значи, некој овде лаже-суши. Како и секогаш... Клеветниците и патолошки лажговци од СДС срочија: „Македонија е опфатена во одлуката на САД за суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија... Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработка на визи за македонските државјани. “ На лагата и се кратки нозете, а на СДС меморијата. Затоа, Фани Сорос (нивната потпртеседателка која кога влезе во СДС знаеше тројца сдсмовци, а сега знае еден, двајцата во меѓувреме заминаа во ЗНАМ), лажеше сушеше дека СДСС (Социјалдемократски сојуз на северна) го потпишале Стратешкиот договор со САД. Така што, ништо ново на Бихаќка, се работи за лоша навика, која периодов многу се практикува... САД вака го објаснија својот потег: „Администрацијата на Трамп става крај на злоупотребата на американскиот имиграциски систем од оние кои би извлекле богатство од американскиот народ. Обработката на имиграциски визи од овие 75 земји ќе биде паузирана додека Стејт департментот ги преиспита процедурите за обработка на имиграцијата за да спречи влез на странски државјани кои би користеле социјална помош и јавни бенефиции“, соопшти Министерството за надворешни на САД.“.