Стартува 17-тото ракометно ЕУРО, Македонија утре го игра првиот натпревар

Стартува 17-тото ракометно ЕУРО, Македонија утре го игра првиот натпревар ЕХФ ЕУРО 2026 ДАНСКА/НОРВЕШКА/ШВЕДСКА Филип Здравески 15.01.2026 / 10:37 Ракомет Вечерва започнува 17-тото Европско првенство во ракомет, кое се игра во три земји, Данска, Норвешка и Шведска. На првенстото учествува и Македонија, која утре од 20.30 часот, ќе игра против Данска. Првиот ден од првенството нуди четири натпревари, во групите А и Ц. Распоред за првиот ден: 18:00 ч. Шпанија – Србија (Група А) Франција – Чешка (Група Ц) Норвешка – Украина (Група Ц) 20:30 ч. Германија – Австрија (Група А) Групата А треба да биде една од најнеизвесните на овој турнир, а првиот натпревар ќе го играат Шпанија и Србија. Овие две репрезентации се сретнаа и во квалификациите за Европското првенство, двете селекции запишаа по една победа. Подоцна, Германија и Австрија играат во истата група. Франција ја започнува одбраната на европската титула со натпревар против Чешка. Во овој меч Французите се апсолутни фаворити. Истото може да се каже и за Норвешка, еден од трите домаќини, која игра против Украина во првиот натпревар. Македонија, во Б групата покрај Данска за ривали ги има Португалија и Романија. По утрешниот меч со Данска, Македонија в недела ќе игра против Португалија, а на 20 јануари против Романија. ЕХФ ЕУРО 2026 Македонија ракомет Автор/Извор Макфакс/Кајгана Прикажи во метро On