Пред неколку дена, таа организираше незаборавна домашна забава во Берлин по повод петтиот роденден на нејзината помлада ќерка, а потоа избега од студениот Берлин во потоплите краеви. Мерјем Узерли штотуку се јави од Катар, каде што, на пријатни 25 степени, не ѝ требаат палта и чизми туку само лесни, лелеави фустани. А во Доха ја пречекаа како, султанката Хурем!