Герасимов: Русија од почетокот на годината зазеде 300 квадратни километри украинска територија

Руските трупи ослободија околу осум населени места и презедоа контрола врз повеќе од 300 квадратни километри украинска територија во првите две недели од јануари, изјави началникот на Генералштабот на руските вооружени сили, генерал Валериј Герасимов. Претходно, Русија објави дека минатата година зазела 6.640 квадратни километри украинска територија. - Руските сили напредуваат практично во сите правци во зоната на специјалната воена операција. Војниците на Дњепарската група напредуваат кон градот Запорожје. Населбите Белогорје и Новобајковское се ослободени, наведе Герасимов. Тој додаде и дека руските трупи активно се придвижуваат кон Славјанск.