Во најголемиот студ, Коки го одмрзна членството во СДС, кое самиот го замрзна кога ја спука со Венко затоа што не го кандидираше за втор мандат за Струмица. Избори кои со изборот на Филипче ги загубија како Грќка на времето, во прв круг. Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на Фејсбук соопшти дека по извесен период и донесена лична одлука го одмрзнува своето членство во СДСМ. Тој нагласи дека останува доследен на сите свои претходни ставови и позиции за прашања од јавен интерес и дека одлуката не значи нивно менување или повлекување. Во моментов, како што истакна, не најавува активен политички ангажман, но стои на располагање на партијата со почит кон нејзините вредности и членството, си се самопонуди Коки. „Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во име на секој социјалдемократ“, порача Костадинов. Тој го замрзна членството во СДСМ во јули минатата година, откако претседателот на партијата, Венко Филипче, соопшти дека за градоначалник на Струмица ќе биде кандидирано друго лице. Кое не ги исполни очекувањата и трасна на изборите. Во објавата од тој период кога го „замрзна“ членството, Костадинов ги изремпери максимално сопартијците и остро наведе дека нема да биде дел од партијата додека таа, како што рече, не се врати на своите изворни вредности. Којзнае како заклучил дека Венко ја врати партијата на изворните вредности, за сега да се врати. Дали ароганцијата, агресијата, патолошките лаги и измислените тези и наративи се ИЗВОРНИТЕ ВРЕДНОСТИ“ на СДСМ?! Ако е така, СДС се вратила на своите изворни вредности, целосно, тоа е факт. Тогаш, тој самобендиосано потсети и дека во изминатите 11 години не загубил ниту едни избори, нагласувајќи дека поддршката ја добивал поради работа, доследност и поврзаност со граѓаните.