Општина Могила со директна финансиска помош ќе го стимулира наталитетот, а младите остануваат и понатаму да бидат приоритет на локалната самоуправа, објави градоначалникот Драганчо Саботковски. „Од општинскиот буџет со 10.000 денари ќе се помагаат брачните парови за прво дете, по 15.000 денари за второ дете и по 30.000 денари ќе помага општината за трето дете. Со 20.000 денари ќе се поддржуваат ново склучените бракови. Ова не е само финансиска помош- ова е јасна и силна порака дека семејството, децата и младите се наш приоритет-објави градоначалникот Саботковски и додаде дека Општината Могила ќе продолжи и во иднина континуирано да инвестира за поголема перспектива на младите во Могила. „Сите воведени мерки се со цел стимулирање и зачувување на наталитетот, како и создавање услови младите да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина во Општина Могила“-додава градоначалникот Драганчо Саботковски. ОПШТИНА МОГИЛА СО НАЈВИСОКА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА НОВОРОДЕНЧИЊАТА И НОВОСКЛУЧЕНИ БРАКОВИ Општина Могила... Posted by Драганчо Саботковски - градоначалник на општина Могила on Четврток, 15 јануари 2026