Франција ја совлада Чешка, додека Шпанија беше поуспешна од Србија, во двата воведни натпревари со кои вечерва официјално стартуваше 17. Европско првенство за ракометари во организација на Данска, Шведска и Норвешка. Франција во доминантен стил триумфираше над Чешка во Осло со 42-28 за стартна победа во групата Ц, додека Шпанија во Хернинг не дозволи изненадување против Србија, совладувајќи ја со 29-27, во воведниот натпревар во групата А. Првиот ден на ЕХФ Еуро 2026 ќе биде комплетиран вечерва со дуелите меѓу Норвешка – Украина и Германија – Австрија. Македонската ракометна репрезентација својот воведен натпревар во групата Б ќе го игра утревечер во Хернинг со почеток во 20:30 часот против кодомаќинот Данска. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 18 јануари за противник ќе ја имаат Португалија, а два дена подоцна ќе играат против Романија.