Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ

Милан испрати понуда до Партизан за Андреј Костиќ Александра Спасеска 15.01.2026 / 20:49 Фудбал La Gazzetta dello Sport пишува дека Милан вложува напори овој месец да го доведе 18-годишниот напаѓач Андреј Костиќ од белградски Партизан. Росонерите „цврсто загризаа“ за Костиќ и испратија понуда до Партизан вредна помеѓу 4 и 5 милиони евра. Тие покажаа интерес за овој млад напаѓач и претходно, а интересно е што негов агент е Дарко Ристиќ, човек кој се грижи и за кариерата на напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ. Како што е веќе познато, Влаховиќ е исто така на листата на желби на челниците на Милан. Доколку пристигне во Италија, Костиќ наводно првично би играл за тимот Милан Футуро во Серија Д, пред постепено да се приклучи на сениорскиот тим предводен од тренерот Масимилијано Алегри. Костиќ е втор стрелец на Партизан оваа сезона со девет гола на 27 настапи во сите натпреварувања. Оваа сезона, тој помина 791 минута на теренот, а во просек постигнува гол на секои 88 минути. Милан го „брка“ Влаховиќ од летото, а договорот на српскиот напаѓач со Јувентус истекува на крајот од сезоната. Милан Андреј Костиќ Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On