Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети целосно реконструираната голема спортска сала во Кратово. Како што информира владината прес-служба, со успешно реализирање на сите три фази, завршен е проектот за целосна реконструкција на големата спортска сала во Општина Кратово – еден од најзначајните спортски и јавни објекти во општината. По посетата, предвидена е изјава за медиуми на премиерот Мицкоски.