Павлова торта со јагоди и боровинки

Павлова е елегантен и лесен десерт, познат по својата крцкава кора од белки и шеќер, а внатре мека и воздушеста текстура. Во комбинација со нежен млечен шлаг и свежо овошје, оваа торта е вистинско задоволство и совршен избор за сите пригоди. Состојки: 4 белки 200 грама шеќер 1 рамна лажичка оцет или сок од лимон Малку ванила 1 рамна лажица густин/ нишесте За кремот и декорацијата: 250 мл слатка павлака (млечна) 1 лажица шеќер во прав 300 грама свежи јагоди и боровинки (или овошје по избор) Подготовка: Белките оставете ги најмалку еден час на собна температура. Потоа матете ги со миксер додека не почнат да се згуснуваат. Додадете го оцетот или лимонот, па постепено, во неколку наврати, додавајте 150 грама од шеќерот, постојано матејќи, додека не добиете цврста пена. Преостанатите 50 грама шеќер измешајте ги со густинoт и додајте ги во смесата со белки. Матете додека не се добие густа, мазна и сјајна маса. На хартија за печење исцртајте круг со пречник од околу 20 см. Распоредете ја смесата во форма на торта. Ставете ја во рерна загреана на 180°C, веднаш намалете на 150°C и сушете ја кората околу 60 минути, внимавајте да не ја промени бојата. По печењето, малку подотворете ја вратата од рерната и оставете ја кората целосно да се излади. Таа ќе спадне и ќе се напука – тоа е нормално и пожелно. Изматете ја слатката павлака, додајте го шеќерот во прав и матете уште кратко, додека не се соедини убаво. Изладената кора ставете ја на тацна. Одозгора ставете го шлагот и распоредете го насекаде, потоа  врз шлагот распоредете го овошјето. Павлова тортата е најдобра кога е свежо подготвена. Лесна, воздушеста и освежителна, обично исчезнува за многу кратко време.