ФОТО: Чистиот воздух и го отвори апетитот – Цел фрижидер на маса, еве што појадува Јована Јеремиќ

Српската водителка Јована Јеремиќ е на Јахорина каде ужива во снегот, но времето наутро го користи и да подготви појадок за блиските луѓе. Таа покажа што одлучила да подготви за најблиските, избирајќи ја најсигурната опција со која нема простор за грешка. Извади се' од фрижидерот, стави на маса, па кој што сака, тоа нека јаде. На масата се најдоа виршли, сувомеснати производи, паштета, јајца, павлака, ајвар, кечап и салата. - Појадокот на Јованa. Некои јаделе, некои кога ќе станат, но јас сакам да угодувам, се' да ги чека на масата кога ќе станат - напиша таа. За оние кои не сакаат солен појадок, Јована се обиде да обезбеди слатки закуски, па на леб намачка џем и еурокрем.