Онер Јакупоски вчера и официјално стапи на должност градоначалник на Општина Маврово и Ростуше. Јакупоски официјално го прими уверението за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше кое му беше врачено од претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Маврово и Ростуше, Реџеп Агаи. -Со овој чин, и официјално се потврдува изборната волја на граѓаните и започнува новиот мандат за управување со општината. При примањето на уверението, Градоначалникот Јакупоски истакна дека ова е голема чест, но уште поголема одговорност пред сите жители на Маврово и Ростуше, најавувајќи посветена работа за подобра иднина на сите населени места во општината, објавија од Општината.