На 15.01.2026 во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското село Зајас. -Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство, потврдува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.