Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига УЕФА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2025/2026 Филип Здравески 16.01.2026 / 13:36 Фудбал УЕФА попладнево во Нион ја направи жрепката за плејофот од Конференциската лига каде за прв пат учествуваше и македонска екипа - тетовска Шкендија. Фото: ФК Шкендија Тетово Со оглед на тоа што според конечниот пласман во завршената лигашка фаза веќе се знаеше кои се можните шротивници на Шкендија, единствена диле беше дали тоа ќе биде полски Лех од Познањ или туски Самсунспор. Фортуната одлучи Шкендија да игра против Самсунспор, моментално шестопалсирана во турската Супер лига. Доколку успее да го елиминира турскиот преставник, тетовци во осминафиналето ќе играт против украински Шахтар или шпански Рајо Ваљекано. Плејоф дуелите се закажани за 19 февруари (четврток) кога Шкендија во Скопје ќе го пречека Самсунспор, додека реваншот во Самсун е седум дена подоцна. Потоа на 27 февруари ќе следува жрепката за осминафиналето. ФК Шкендија Конференциска лига Автор/Извор Филип Здравески Прикажи во метро Off