НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ го поддржува премиерот Мицкоски во имплементирање на владините политики

НГИ „КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ изразува недвосмислена и безусловна поддршка на Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Проф.Д-р Христијан Мицкоски во насока на имплементирање на владините политики, како и предлозите кои беа предмет на дебата на лидерската средба, бидејќи се во интерес на сите граѓани и подигнување на квалитетот на живот, како и развој на самите демократски процеси. Особено е значајно, укинувањето на ,,Техничката влада,, која не ги даде очекуваните резултати и создава повеќе проблеми отколку што нуди излезни решенија. Како посебна и автохтона етничка заедница, силно веруваме во демократските капацитети  на Владата на Македонија, а особено во Премиерот Христијан Мицкоски, кој не дозволува Египќаните да бидат изолирани, неинтегрирани и маргинализирани. Развојот на демократските процеси  бара инклузивност, сплотеност околу националните интереси над партиските, и тоа е оснопвот за поддршка на Премиерот  Проф.Д-р Христијан Мицкоски, истакна лидерот на НГИ„КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПЌАНИ“ Дипл.правник Демир Далип.