Сакате да нарачате, келнерите поминуваат покрај вас и – ништо? Причината – не смеат да ве послужат

„Келнер! Келнер! Келнеееер!“... Во ред, се надеваме дека не викате баш така бидејќи не е пристојно, но сигурно знаете за што зборуваме. Седнавте во кафуле, веќе некое време седите, келнерите поминуваат покрај вас како да не постоите, безуспешно се обидувате да фатите нечиј поглед, срамежливо и мавтате, но ништо...