Португалија рутински ја совлада вечерва Романија со 40-34 и со победа го почна настапот на Европското првенство во групата Б во која во недела ќе игра против македонската репрезентација. Натпреварот во Хернинг беше резултатски неизвесен само во воведните десет минути, по што Португалците со две серија од 6-0 и 6-1 стекнаа висока предност на полувремето (23-15), која ја зачуваа до самиот крај. Воведното коло во групата Б ќе биде комплетирано вечерва по дуелот во кој македонската репрезентација ќе игра против кодомаќинот на Европското првенство, Данска. Стартни победи вечерва забележаа и Исланд против Италија (39-26) во рамки на групата Ф и Словенија која во воведниот дуел во групата Д ја совлада Црна Гора со 41-40.