„FIFA“ подготвува револуција за Светското првенство: Ќе има паметна топка, „VAR“ ќе добие поголеми овластувања

Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико ќе биде првото со 48 репрезентации, но и турнир на кој „FIFA“ воведува низа технолошки и правилни новитети. Целта е јасна: попрецизни одлуки, подобро искуство за навивачите и поголема заштита на играчите.