Синоптичарите за денеска најавуваат слаби локални врнежи од дожд на пониските места, а на повисоките места и на планините од снег. По одредени котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 6 степени. Во Скопје, променливо облачно со слаби локални врнежи од дожд и појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 5 степени. Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира дека викендов на пониските места ќе има слаби локални врнежи од дожд, а на повисоките места од снег. В понеделник и во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од среда повторно ќе има врнежи претежно од снег. - Од денеска до крајот на неделата има услови за појава на магла по одредени котлини. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање, најави УХМР.