Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата? Александра Спасеска 17.01.2026 / 11:01 Фудбал Реал Мадрид е во тешка ситуација по низа лоши резултати и промена на тренерот, а капитенот Дани Карвахал вели дека тимот „го допрел дното“ по поразот од Албасете во Купот на кралот. Без отпуштениот Чаби Алонсо, на новиот тренер Алваро Арбелоа и играчите ќе им биде доверено да се докажат пред навивачите на Сантјаго Бернабеу, кои долго време ги изразуваа своите сомнежи. Денес, тимот го пречекува Леванте во натпревар кој доаѓа во време на резултатска и играчка криза, пишува Marca во статија со наслов „Опасност од пожар на Бернабеу“. Кризата ескалираше во последните десет дена. Започна со тешка победа против Атлетико во полуфиналето на Суперкупот, проследена со пораз во финалето од Барселона што доведе до промена на тренерот, а кулминираше со испаѓање од Купот на кралот против Албасете во првиот натпревар под водство на Арбелоа. Нема простор за грешки По елиминирањето од Суперкупот и Купот на кралот, Арбелоа има тешка задача да го поправи курсот на тимот и да се обиде да им ја врати надежта на навивачите дека освојувањето на Ла Лига или Лигата на шампионите е сè уште можно. Во лигата, Реал Мадрид повеќе нема простор за грешки, со оглед на тоа што Барселона е четири бода понапред и не покажува знаци на забавување. Новиот тренер ќе мора внимателно да ги состави своите почетни единаесет, имајќи предвид дека Монако ќе биде на Бернабеу во вторник во Лигата на шампионите, каде што треба да обезбедат место во последните осум. Промени во составот Отсуството на Родриго и Брахим, како и фактот дека Мбапе веројатно ќе биде поштеден за Лигата на шампионите и покрај тоа што е на списокот, ги намалија напаѓачките опции. Се очекува Гонзало, кого Арбелоа добро го познава и беше стартер во Албасете, повторно да започне, заедно со Винисиус и Белингам во поофанзивна улога. Мастантуоно треба да се врати на клупата. Во одбраната, Давид Хименес би можело да го задржи своето место во почетната постава. Овој натпревар ќе ги покаже и преференциите на Арбело во средниот ред, за што повторно се повика на Честер, а има на располагање повеќе офанзивни опции како Паласиос или Леива, кои треба да започнат од клупата. Леванте во најдобра форма Од друга страна, Леванте доаѓа во Мадрид во потрага по четврти натпревар по ред без пораз. Тимот, кој е на претпоследното место со 14 бода и натпревар помалку, четири бода подалеку од безбедната зона, ќе се обиде да продолжи да освојува бодови за да ги одржи надежите за останување во лигата. Со два нерешени резултати и една победа во последните три натпревари, Леванте ужива во својата најдобра серија на резултати оваа сезона и во моментов е тимот со најдобри резултати меѓу клубовите што се борат за опстанок. За овој натпревар, покрај претходно повредените Унаи Елгезабал, Виктор Гарсија и Роџер Бруге, на гостите им недостасуваат и Диего Пампин, Матијас Морено и Ориол Реј. Последното зимско засилување, Уго Рагубер, Пако Кортес по играњето за шпанската репрезентација до 19 години и Којалипу се враќаат во тимот. Реал Мадрид Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On