Новинарките го избраа најдобриот голем SUV Александра Спасеска 17.01.2026 / 14:07 Авто новости Целосно електричниот SUV Hyundai Ioniq 9 ја освои титулата Најдобар голем SUV на доделувањето на наградите „Женски избор на автомобил на годината“ (WWCOTY) за 2026 година. Експертско жири составено од 84 женски автомобилски новинарки од 54 земји, од пет континенти, спроведе детална евалуација на возилата во сите категории, земајќи ги предвид критериумите како што се безбедност, квалитет, дизајн, перформанси, леснотија на управување, влијание врз животната средина и вредност за парите. Hyundai Ioniq 9 се издвои од конкуренцијата на речиси 20 други модели, потврдувајќи го својот статус како исклучителен претставник на својата класа. „Hyundai IONIQ 9 јасно покажува како напредната технологија и секојдневната употребливост можат совршено да функционираат заедно. Брзото и ефикасно полнење, исклучително пространиот ентериер и високото ниво на целокупен квалитет поставуваат нов стандард во сегментот на големи електрични SUV возила. Оваа награда, исто така, ја потврдува доследната посветеност на Hyundai кон иновации и извонредност, бидејќи ова не е прв пат нашето жири да го признае овој бренд“, рече Марта Гарсија, извршна претседателка на WWCOTY. Hyundai наведува дека овој модел „комбинира аеродинамична софистицираност со футуристичка естетика“ и дека „внатрешноста со три реда седишта, достапни во конфигурации за шест или седум патници, нуди амбиент сличен на салон“. Изграден е на наградуваната платформа E-GMP на Hyundai Motor и користи напредна 800V технологија, која овозможува ултра брзо полнење од 10 до 80 проценти од капацитетот на батеријата за 24 минути. Наградите WWCOTY достигнуваат публика од 500 милиони луѓе ширум светот, а ова се победниците во категориите за 2026 година : Компактен автомобил: Nissan Leaf Компактен SUV: Skoda Elroq Лимузина: Mercedes-Benz CLA Голем SUV: Hyundai Ioniq 9 4x4: Toyota 4Runner Спортски автомобил: Lamborghini Temerario Заедно со уште пет победници во други категории, Ioniq 9 сега е во трка за престижната титула апсолутен победник, а конечната одлука ќе биде објавена во март. WWCOTY Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On