Ослабе 30 килограми, па ги откри грешките поради кои имала прекумерна тежина

На социјалните мрежи често кружат совети за слабеење, но една инфлуенсерка привлече внимание затоа што објави многу конкретен список на работи кои, како што вели, со години ги правела – и поради кои останувала со прекумерна тежина. Кристина Никол тврди дека денес е „најслаба во животот“ и дека има околу 62 килограми, а потоа ги наброи навиките кои ја саботирале и поради кои тежела околу 90 килограми.