Наскоро скопјани ќе возат по нов булевар - на „Момин Поток“ се работи со полна пареа! Со забрзано темпо се реализира еден од најзначајните инфраструктурни зафати во градот, клучката „Момин Поток“, заедно со изградбата на булеварот „Никола Карев“, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. -Во моментов, во напредна фаза е поставувањето на атмосферската канализација, сместена во средишното зеленило на булеварот „Никола Карев“, на потегот од реката Серава до раскрсницата со булеварот „Словенија“. Овој сегмент е клучен за безбедна, современа и долгорочно одржлива сообраќајна инфраструктура, истакна тој. Паралелно, се работи и на левиот крак од мостот над реката Серава, преку кој ќе се одвива сообраќајот од раскрсницата со булевар „Словенија“ директно кон клучката „Момин Поток“, создавајќи побрза и поефикасна врска меѓу важни градски артерии. -Како што ветив, Скопје пишува нова страница во својата историја. Со дела, не со зборови.Скопјани заслужуваат, порача градоначалникот.