Mакедонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат мечот Шведска-Холандија

На Европското првенство во ракомет денеска на програмата се шест натпревари, а два се од првата рунда во Малме и четири дуели од второто коло. Во Малме во првиот дуел од 18 часот играат светскиот вицепрвак Хрватска и Грузија, додека од 20:30 часот е дербито на групата меѓу Шведска и Холандија. Овој натпревар ќе го судат македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски....