Филмски грабеж: Маскирани лица со оружје ограбиле обложувалница

На 16.01.2026 во 23:00 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во спортска обложувалница во село во струшко, две маскирани лица, од кои едното имало оружје, од вработените одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.