Слаткото е наша исконска потреба, а желбата за слатко е биолошки условена – уште нашите далечни предци сфатиле дека од зрело, послатко овошје добиваат повеќе енергија отколку од незрело и кисело, па низ еволуцијата поврзувањето на слаткото со уживањето станало вродено кај луѓето. Поблиску до денешницата, пред околу 8.000 години, на подрачјето на Шпанија настанале пештерски цртежи што прикажуваат луѓе како им крадат мед на пчел...