ЕСМ Снабдување со топлина: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите

Нормализирана е испораката на топлинска енергија за најголем дел од потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, по денешниот прекин поради дефект лоциран на бул. „Крсте Мисирков“, соопшти попладнево ЕСМ снабдување со топлина. -Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен и работат на отстранување на дефектот, се вели во информацијата објавена на веб страницата на ЕСМ снабдување. Дефектот предизвикал прекин на испорака на топлинска енергија кај потрошувачите: Григор Прличев бр.3 – Институт за национална историја и ОЈО за организиран криминал Григор Прличев бр.5 – Институт за македонска литература Гоце Делчев ББ и бр.4 – Основен суд 1 и Основен суд 2 Гоце Делчев бр.5 – Кривичен суд Гоце Делчев бр.18 – МРТВ Димитар Влахов ББ – МКЦ Крсте Мисирков ББ – Апелационен суд Крсте Мисирков ББ – Факултети и Ректорат Крсте Мисирков бр.2 – МАНУ Крсте Мисирков бр.7А, 7Б, 9, 11, 13, 15, 17 Филип II Македонски бр.22 Ул.191 бр.14Б Битпазарска ББ – Национална галерија Чифте амам Дрварска бр.20 Евлија Челебија ББ – Музеј на Македонија и Национален конзерваторски центар Маракие Фрчковски бр.8 – Црква Св.Спас Покриена Чаршија бр.66 – Факултет за ликовна уметност Прохор Пчински бр.30 – ОУ Јане Сандански Петре Георгиев бр.22 – ОУ Конгреси и манастирит. -За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100, се вели во информацијата од ЕСМ снабдување.