Три лица уапсени: Еве што направиле!

Вчера во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.А.(25) и Н.З.(30), двајцата од Скопје, како и Ј.М.(22) од с.Батинци, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти МВР.