Осум лица загинаа во три лавини во Австрија вчера, соопштија спасувачки служби и полицијата. Седум лица беа затрупани од лавина попладнето на врвот Финстеркоф, висок 2.150 метри, во долината Гросарл во федералната покраина Салцбург, изјави портпаролката на планинската спасувачка служба во Салцбург. Планинската спасувачка служба објави дека четворица членови на скијачката група се пронајдени мртви, додека неколку други лица се тешко повредени. Вчера загина и жена во лавина во областа Бад Хофгаштајн. Националностите и возраста на загинатите и повредените во тие два случаи се уште не се познати. Трета несреќа со лавина се случи попладнето во Пустервалд во федералната покраина Штаерска, според полициски извештај. Седум чешки скијачи се движеле во таа област кога лавината била активирана. Тројца од нив загинале, објави полицијата. Четири лица кои не биле зафатени во лавината биле евакуирани од спасувачките екипи од алпскиот терен и им била укажана итна медицинска помош. (МИА)