САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија

САД убија терорист поврзан со смртта на тројца Американци во Сирија Александра Спасеска 18.01.2026 / 11:24 Свет Во воздушен напад на САД во Сирија е убиен Билал Хасан ал-Џасим, опишан како „искусен терористички лидер“ со врски со Ал Каеда. Нападот беше одмазда за заседата на Исламска држава минатиот месец во која беа убиени двајца американски војници и еден цивилен преведувач, објави Sky News . Според официјални лица, Ал-Џасим имал директни врски со заседата на 13 декември. Тој беше убиен во петокот за време на третиот бран одмазднички напади насочени кон северозападот на земјата. Централната команда на САД (CENTCOM) го опиша Ал-Џасим како „искусен терористички лидер кој планирал напади и бил директно вклучен“ во заседата. https://t.co/kTqYU5xMb4 — U.S. Central Command (@CENTCOM) January 17, 2026 Порака од американски официјални лица „Смртта на терористички оперативец поврзан со смртта на тројца Американци ја покажува нашата решеност да ги гониме терористите кои ги напаѓаат нашите сили“, рече адмиралот Бред Купер, командант на CENTCOM. „Нема безбедно место за оние кои извршуваат, планираат или инспирираат напади врз американски граѓани и нашите војници. Ќе ве најдеме“, додаде Купер. Министерот за одбрана Пит Хегсет во објава на социјалната мрежа X изјави: „Никогаш нема да заборавиме и никогаш нема да попуштиме“. We will never forget, and never relent. https://t.co/0xi3L3swDf — Pete Hegseth (@PeteHegseth) January 17, 2026 Операција против ИД Во заседата минатиот месец беа убиени наредникот Едгар Брајан Торес-Товар, наредникот Вилијам Натаниел Хауард и цивилниот преведувач Ајад Мансур Сакат. По тој напад, американскиот претседател Доналд Трамп започна операција против борците на Исламска држава кои се прегрупираа по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад во декември 2024 година. Трамп нагласи дека американските сили се борат заедно со сириските трупи и дека сирискиот претседател Ахмед ал-Шара бил „крајно лут“ поради заседата. Според американската војска, досега се погодени повеќе од 100 цели на ИД во Сирија. САД Автор/Извор А.С. Прикажи во метро On