Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува

На политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако Вие се повлечете и оставите празен простор некој ќе го запоседне тој простор, вели премиерот Христијан Мицкоски, прашан дали СДСМ, со неучеството на лидерската средба остава простор за Левица да биде главна опозициска политичка партија. -Дали тоа ќе биде таа политичка партија за којашто вие говорите, дали некоја друга, дали некоја можеби нова, трета, не знам. Но, во суштина, кога вие го напуштате просторот политички, тогаш некој друг тој простор ќе го запоседне. Едноставно така функционираат работите во животот, изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по неговата посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром. Мицкоски, исто така, нагласи - ние сме Влада, сме ја добиле довербата од граѓаните и треба да се однесуваме зрело. -Доколку некои политички партии одлучиле да се однесуваат незрело, тоа е нивен проблем. Доколку мене би ме прашале за совет, мојот совет би бил да се појават на таква лидерска средба и да поразговараме за темите кои што се важни за разговор и за граѓаните, нагласи Мицкоски. Сите присутни на лидерската, Мицкоски подвлече дека по средбата, дале изјава во којашто „јасно ја потенцираа конструктивноста на истата и дека на таа лидерска средба изоболувало, квалитет, предлози, мислења и т.н.“ -Мене како организатор и претседател на Владата тоа ми претставува задоволство. Тоа што СДСМ одлучи да се самоисклучи, тоа е одлука пратпоставувам на актуелното раководство на СДСМ. Повторно ќе кажам, кога мене би ме прашале за совет, јас не би им го советувал тоа, но тоа е нивна одлука, изјави Мицкоски. (МИА)