Ограбени две финансиски друштва во Скопје, одземени пари од сефовите

На 17.01.2026 во 05:20 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Центар, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземен бил сеф со пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 17.01.2026 во 04:44 часот во СВР Скопје пријавено е дека на подрачјето на Гази Баба, во објект на финансиско друштво насилно било влезено и одземени биле пари од сеф. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.