Германските војници го напуштија Гренланд

Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој. Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана. Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово. Текстот Германските војници го напуштија Гренланд е превземен од МАКФАКС .