Двојна победа за Домен Превц во Сапоро

Словенечкиот ски скокач победи и на вториот натпревар одржан викендов во јапонскиот зимски центар Сапоро. По вчерашната победа Домен Превц од Словенија беше најдобар и на денешените ски скокови и ова беше негова деветта победа сезонава или 18.та во кариерата. Превц успеа да освои 277,7 бодови со скокови со должина од 137,5 и 136,5 метри, второто место му припадна на Јапонецот Рјој Кобајаши со скокови со должина од 136,5 и 138,5 метри или 274,2 бодови. Место на победничкиот пиедестал имаше и за Даниел Чофениг, кој имаше 265,8 бодови или скокови со должина од 134,5 и 138,5 метри. Во генералниот пласман во водство е Превц со 1.414 поени, а Кобајаши е втор со 947.