Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја прошири истрагата за висока корупција и кон апелациски судија. Во домот на неговите родители во Неготино, при претрес по судска наредба, биле пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид, за кои постои сомнение дека се незаконски стекнати преку корупција и трговија со влијание. Истрагата, која е поткрепена со информации од Агенцијата за национална безбедност, се смета за една од најопсежните во државата, а претресите и истражните дејствија продолжуваат.