Во Прилеп најсреќен беше Јордан Ангелески кој го фати крстот на централниот настан

Денес, на големиот христијански празник Богојавление – Водици 2026, над 400 верници учествуваа во традиционалниот чин на фрлање по светиот крст на територијата на општина Прилеп. Празнувањето започна со утрински богослужби во храмовите, по што следуваше осветувањето на водите и положувањето на светиот крст, со што се одбележува Христовото крштевање, една од најголемите свети тајни во христијанството. Денес, на големиот христијански празник Богојавление – Водици 2026, над 400 верници учествуваа во традиционалниот чин на... Posted by Општина Прилеп on Понеделник, 19 јануари 2026 Централната манифестација се одржа во 12:00 часот со положување на светиот крст во базенот на Аква паркот „Салида“ во Прилеп. Покрај централниот настан, фрлање на светиот крст се одржа и во уште 19 населени места на територијата на Општина Прилеп: Селце, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Ново Лагово, Загорани, Кадино Село, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Галичани, Чепигово, Подмол, Алинци, Тополчани, Плетвар и Штавица. Во црквата „Св. Благовештение“, по традиционалното пуштање на гулабите и одржувањето на свечената божествена литургија, симболично беше организирано и фрлање на светиот крст во фонтаната (базенчето) во дворот на црквата. Овој настан беше наменет за дечиња до 13-годишна возраст. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со претседателката на Советот и делегации составени од советници, присуствуваа на сите 20 локации и го честитаа празникот на граѓаните, посакувајќи им здравје, мир и благосостојба. Локалната самоуправа обезбеди пригодни подароци за сите учесници и парични награди за најсреќните, а компаниите „Зегин“ и „Евротип“ исти така обезбедија подароци за најсреќните кои први го извадија светиот крст од осветените води во Прилеп. Најсреќен меѓу учесниците на централниот настан во Прилеп беше 17-годишниот Јордан Ангелески, кому му упатуваме искрени честитки, со желби за добро здравје, среќа и успех. Богојавление – Водици е празник кој го симболизира духовното раѓање, прочистувањето и почетокот на животот во верата. Општина Прилеп им посакува здравје, мир и благословена година на сите граѓани.