Водици во Чешиново – Облешево

Општина Чешиново-Облешево им го честита големиот христијански празник Богојавление – Водици на сите граѓани, ни се обрати градоначалникот на оваа општина Јорданчо Костадинов. -Нека осветената вода донесе здравје, мир, благосостојба и духовна сила во секој дом, а празникот нека биде потсетник на верата, заедништвото и надежта кои нè обединуваат. Во духот на традицијата, да ги негуваме христијанските вредности и да продолжиме заедно да градиме посилна и посолидарна заедница, порача градонаќалникот на Општина Чешиново – Облешево, Јорданчо Костадинов. Во Општина Чешиново-Облешево,според она што ни го кажа градоначалникот Костадинов, во селото Жиганци Светиот крст отиде во рацете на Петар Нацев, во Кучичино кај Стефан Станоев, во Теранци нај среќен беше Лав Ангелов, во Соколарци - Наум Митков, во Чифлик - Андреј Георгиев, а во Спанчево Светиот крст се најде во рацете на Михаил Данилов.