Сензационално откритие во Италија: Пронајдена изгубената базилика на Таткото на архитектурата Филип Здравески 20.01.2026 / 14:46 Вести Градбата што научниците со векови безуспешно ја бараат би можела да го промени разбирањето за римската архитектура и да стане едно од најголемите археолошки откритија во последните децении. Археолозите открија базилика во италијанскиот град Фано, стара повеќе од 2.000 години, за која се верува дека ја дизајнирал познатиот римски архитект и инженер Марко Витрувиј Полион (Marcus Vitruvius Pollio), познат како „татко на архитектурата“. Витрувиј, кој живеел во I век п.н.е., е автор на деллото „De architectura“ (За архитектурата), најстариот зачуван трактат за архитектурата. Неговите размислувања за пропорциите и хармонијата на градбите со векови ја обликувале европската уметност и архитектура, а исто така силно влијаеле и врз Леонардо да Винчи, авторот на познатиот цртеж на човечкото тело познат како „Витрувиевиот човек“. Планирани се понатамошни археолошки истражувања Витрувиј Експертите веруваат дека во самиот центар на Фано, град кој се наоѓа североисточно од Рим, се пронајдени остатоци од базилика што самиот Витрувиј ја изградил во античко време. Градоначалникот на Фано, Лука Серфилипи, рече дека ова е „откритие на векот“, бидејќи научниците и истражувачите безуспешно ја барале оваа базилика повеќе од петстотини години. Археолошкиот надзорник Андреа Песина истакна дека наодите „целосно се совпаѓаат“ со описите што ги оставил Витрувиј во своите дела. Додаде дека се во тек дополнителни ископувања кои треба да покажат колку од базиликата е сè уште под земја и дали локацијата ќе може да се отвори за јавноста. „Ова е сензационално откритие и нешто за што нашите внуци ќе зборуваат“, рече италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули. Скица на базиликата во Фано според податоците од Ветрувиј (горе) и реконструкција на базиликата (доле) археологија Италија антички Рим Автор/Извор Ф.З. Прикажи во метро On